Има луѓе кои се склони кон лагата, кои со лагата се служат за влез во  некаков нивен иреален свет кој не можат да го имаат во секојдневното живеење. Таквите  личности  донекаде се прифатливи, бидејќи со нивните лаги не прават штета за општеството. Тие ретко кога веруваат во сопствената лага, истовремено кога лажат немаат однапред смислени цели или со лагата посакуваат да се здобијат со некаква материјална или било каква друга корист.

Има други на кои лагата им служи како средство за реализација на строго определена цел. Тие луѓе, лагата вешто ја осмислуват и ја најавуват како вистина, па таа еднаш пуштена во оптек, станува штетен елемент за општеството, бидејќи секоја лага означена како вистина се преточува во измама и манипулација.

За разлика од првите, овие вторите силно веруват во сопствената лага и, така, влегувајќи од една во друга лага, стануваат неразбирливи, хаотични и крајно деструктивни, посебно кога станува збор личности, политичари, кои се наоѓаат на врвни раководни места.

Премиерот Зоран Заев, на трибина во Охрид, рече дека ќе се заложи (ќе разговарал со ЕВН) неплатените сметки за струја на некои двеста илјади граѓани, сметки кои изнесуват околу сто милиони евра, да бидат поништени (простени)! Најавата на Заев ми заличи на вешто смислена цел насочена кон претседателските избори кои за скоро време треба да се случат. Се запрашав дали Заев навистина верува во тоа што го кажува или мисли дека со фиктивни изјави (лаги) сака да ги добива гласовите на граѓаните?

Во таков случај, тој се служи со хазардни потези кои според некои аналитичари можат да создадат хаос во економијата и да ги охрабри тие кои редовно ги плаќат сметките за струја, да престанат тоа да го прават убедени дека еден ден ќе се најде некој Заев кој ќе им ги прости! Тоа секогаш се случува така кога одредена личност почнува да верува во сопствените лаги кои стануват и измами.

Во случајов ако челните луѓе од ЕВН и ЕЛЕМ заедно со Заев имаат намера да направат хуманитарен гест кон одредени граѓани кои не можат или не можеле да си ги подмират сметките за струја, во таков случај требале и едните и другиот да излезат пред јавноста и да ја оправдаат понудената идеја.

Но, тие тоа не го прават, туку едниот најавува бришење на сметките, а другите молчат. Со ваквите примери, Зоран Заев самиот се нуди како вешт творец на лаги и силен манипулатор со истите.