„Ми се чукамо, ударамо у градима нашима, колико сми ми Македонци…“ Аууу! Да не е тажно во целава ситуација, би било комично. Ајде, под итно нова иницијатива – Заев за Нобелова за наука, лингвистика во случајов. Малку му е таа за мир. А во истото интервју за ридската ТВ Н1, истиот тој циркусант Зоки излажа дека Преспанската идиотштина од договор имала 70 отсто поддршка кај граѓаните?! Аман бе, башка полиглот и циркусант, башка премиер, башка патолошки лажго, башка иден нобеловец, башка црпнат од нива, на страна извртувач. Можеби, да читал малку повеќе, под услов да нашиот Зоки да немаше застанато на „Зоки Поки“ од Николова, нашиот Спинхаузен можеби немаше толку да извртува, лаже и тресе, дефинитивно. Да, ама така, ќе останевме без неговото Зоксперанто… И без Северна, со историја, Устав, држава. Можеби, така, и луѓево ќе останеа во државава…

Онаа старата вели: „Кој лаже, тој краде, вошки има и на таван спие!“ Барем во една од верзиите. Арно ама, новата изведенка гласи: „Кој лаже, тој краде, милиони има и на „Илинденска“ бр.2 спие!“ За новите моменти во старата ни поговорка најзаслужен е Зоки, кој катадневно вложува во зацврстување на истата. Ете, сега си кажа дека дури 70 отсто од граѓаните ја поддржувале Преспанската глупоштина?! Нејсе, што Референдумот откри бедни 35 отсто, на страна полнењето и Гинисовите рекорди. Е, да, ама Зоки, кој одамна е Агим, не мисли така…

„Ново летенце, ново детенце“, а нов ден – нова глупоштина на Зокија. Оти, тој упорно не се откажува од предреферендумските лаги, од времето кога очекуваше поддршка од истите 70 отсто на 30.септември 2018-та. Доби половина од посакуваното, башка фризирани со рекордните полнења кутии на многу места. Но за него не важи – ако Зоки лаже, ДИК не лаже, рог ли беше. И не бадијала, некој напиша  – „Заев ги сака бисерите, бисерите го сакаат Заев“… И сега, и три месеци по референдумскиот дебакл на „ЗА“-евци, тој се нема помирено со вистината дека народот е децидно против Северната му Македонија. И си муља, подлажува, извртува, абе корне…

Добро, ако првото со поддршката за договорот беше и лага, во истиот му непресушен со бисери исказ, промуќурниот Зоки во интервју за ТВ Н1 во творечкиот му немир продолжи и изјави: „Ми се чукамо, ударамо у градима нашима, колико сми ми Македонци…“ ?!

Ауууу, лингвистичките способности на Зокиевиот црпнат ум, уникатниот јазик кој слободно ќе го крстиме Зоксперанто, ги воодушеви сите граѓани и ги остави подзинати. Башка, уште еднаш потврди со каква невидена дилајла си имаме работа. Ви текнува, она кога говореше струмичко – бугарски за БНТ, или кога на грчките новинари им посака да имаат Нова Година, наместо среќна Нова Година?! Итн., итн., итн. Па не сме ние виновни што си имаме работа со муртински полиглот со невиден, непресушен талент за јазици. „Громозорен“ талент, што би рекол самиот. Брилијантно, невидено, уникатно. Кога те бива, те бива. Ко и за се’ друго. Па, ако се’ уште се прашувате како минал на драфтот од ридот, еве ви нови докази за неговите ултра-способности.

Подобар кандидат немало, ниту има, ниту ќе има. Она, кога сте три пати аболирани за пет типа криминал и наградени за истото, па продавате за беспари се’ што е национално и вредно, без трунка гордост и достоинство, зачинето со илјада лапсуси и сето тоа овенчано со фантастичен Зоксперанто…

И после, се чудите што Зоки толку лесно ја донесе двојазичноста?! Па, драги мои, муртинецот е толку вљубен во јазиците (нејсе што нема поим од сопствениот, па тресе струмички дијалект на секој втор збор) што албанскиот и официјализирањето му во неговата Северна Македонија, не е никаков проблем. За таков лингвистички фан, ова ќе биде дел од најсветлите точки во CV-то. Замислете, човекот кој зборува и измисли еден целосно нов јазик, да ти внел и втор јазик во државата? Ту, ту, па ова за него е ко добар ден, успех. Сепак, ќе да е трет, по неговиот Зоксперанто, нели, кој го изнаслушавме годиниве, оти Зоки, иако не знае, многу сака да зборува и да се слика.

Уште во јуни 2015-та, имав насловна страница во тогашниот неделник „Република“, а насловот на анализата беше „Како Зоран стана Агим?“ Ви текнува, времето кога опозиционерот Зоки велеше дека Македонците треба да учат албански уште од градинка, кога шеташе по Берн и нудеше се’ и сешто. А шарените билмези не му веруваа, па сега се чувствуваат излажани, не глупи?

Чуму Агим? Епа, гледано ономастички (ономастика – наука за потеклото на имињата), Зоран е идентично име со албанското Агим. И двете значат зора, раѓање на денот. Само што новиот ден со Зокија, се роди некако грдо за нас Македонците, од кои нема ниту М во прикаската северна. И да имаше, барем наводно, Агим од Муртино и Нино од Димитрови им се извинија на Грците околу наводите за некаков си македонски јазик или македонска нација во преспанската глупоштина. Се’ да ти било пусто државјанство и толкувања лоши.

Да, пишувавме и за новата историја која ја најави Зоки, па не испадна ништо кога Иванов, првиот пат, не му го даде мандатот кој, впрочем, никогаш и не требаше да му го даде. Муабетот беше, дека тогаш се спасивме од новата историја на Агим од Муртино, којзнае каква ќе беше да му го дадеа мандатот, велев тогаш.

Епа, ваква, драги мои, идиотска, антимакедонска и испрана по сите основи.

За крај и за утеха, една смирувачка реченица од Агим од Муртино: „ Ние сакаме да бидеме земја, дел од Европската Унија, а, впрочем, еве Велика Британија ослободи и место,“ изјави во Виена.

Ете каде ти лежел зајакот, затоа сме толку битни, затоа толку труд и пари вложија во востоличувањето на срцкиве. Ние ќе ја менуваме Велика Британија во ЕУ?! Вауууу, епа, да, фер, така бива Зоки, бравос. Може и колонии ќе ни дадат. Уште да ги убедиш Франција и Германија и останатите, чии над 60 отсто од жителите се против такви вратоломии. Бадијала Северотопијата.

И од Зоки да е, премногу е. Пак мислите дека не може подолу? Може, може…

Бегајте, жолто комбе…