-Маја, не излегуваме во недела?
-Не, брат.
Курирот кој ми ја донесе поштата денеска: „ Девојче, во недела бојкотираме?“ Му одговарам со: „Тоа ми е планот, пријателе!“.
Тоа ја мачи оваа нација. Да не случајно некој оди да гласа ЗА на референдумот во недела.
Знаете зошто? Затоа што знаат дека ова е за навек! Знаат дека после недела нема назад. Знаат дека може да се дел од предавничката генерација. Доколку референдумот помине и излезат повеќе од 50 проценти од граѓаните на Македонија, отидовме од рака. Ќе си се избришеме сами себе со пенкалце. Како попчиња наведени од лажната пропаганда за Европска Македонија. А, ќе станеме Северна Македонија. Дел од Европа, којзнае кога дел од Европска Унија.
Нејсе, имам пишувано за тоа. Јасно ни е на сите. Македонија е мудра. Не ми е за договорот зборот овде. Барем не главно.
За луѓето ми е. За Македонците, Албанците, Бошњаците, Ромите, Србите, Власите. За нашите комшии, роднини, другари.
Што правите бе СДСМ? Го расплакавте народот!
Нема ден последнава недела да помине без закана врз граѓанин. Ја употребувате државата и моќта на функцијата за да вршите психички притисок врз народ кој ви верувал дека вие сте тие кои ќе им го дадат животот во Македонија. Затоа ли вработивте околу 5000 административци изминатава година? Сакате да врбувате врз грбот на маката на луѓето. Врз животот. Им ја ставате иднината навидум во торба која ја држите во раце заканувајќи им се дека на нивните животи не им се пишува лесно.
Граѓаните се жалат. Власта спроведувала притисок врз вработените во администрацијата. Ги повикувате ли навистина луѓето во канцеларии еден по еден? Велат, шефот зборува, ние молчиме, веднеме глава! Условот е да се гласаа ЗА на референдумот. Ако не се гласа-отказ.
Па каде од оваа кожа надвор? Во турско, српско, бугарско не успеале да не’ сотрат, вие што се нарекувате Македонци, го асимилирате народот од Македонци во Северни Македонци. Македонците никогаш не се асимилирале со друг балкански народ, нема ни сега да се самонегираат со притисоци и закани!
Мора да ви гори страшно многу под нозе, сдс-овски раководители, функционери, градоначалници. Подготвени сте да се заканувате на цели фамилии за да го спроведете пеколниот план на Заев и Ципрас. Решени сте да не „засеверите“! Никако да се промакедончите, мајка му стара!
Кривично се одговара за тоа. Член 160 од Кривичниот законик, се однесува на Повреда на слободата на определување на избирачите и вели: (1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3години.
(2) Ако делото од став еден го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршење на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од 5 години.
Во овој паралелен Универзум кога имаме премиер таков каков што имаме, во што уште не можам да поверувам, не се заканувајте. Барем тоа не! Ако сте толку чисти и ако е толку добар договорот, оставете го народот да одлучи.
Можете да ги уцените криминалците, нечеститите и оние грешните пред Бога. Но чистиот македонски народ нема како да го уцените. Не постои механизам кој ќе натера еден македонски човек, бистар и умен, родољубец, да излезе и да гласа за промена на име на татковината!
Народе. Другари, пријатели, родољупци! Ни нишанат на името.
На 30-ти септември да замолкнеме во тишина.
Никогаш Северна! Секогаш Македонија!