Чарлиевиот ангел, најголемиот чувар на правдата – семоќната Катица поставена да ги истражи криминалите на претходната гарнитура, се сопна и тресна на земја баш од гарнитура.
Кој знае, можеби ако ја платевме повеќе од 3200 евра месечно ќе можеше сама да си ја купи гарнитурата од 5000 евра и немаше да дојде до ситуација кај што ќе се компромитира себеси и институцијата која ја претставува, немаше да ја испогани правдата и да го доурниса ионака кревкиот правосуден систем во земјата, ама не ние на нејзе најдовме да штедиме, е па да си пукнеме сега, да си пукнеме од мака што не прдвидовме дека буџетот кој го испланиравме за фамозното СЈО не е доволен за да завладее правдата.
Добро е што од спорните 1,5 милиони евра најдоа кај се потрошени 5 илјади, сега уште да најдат кај се останатите и можеме на бројчаникот на Заев да ги ставиме покрај троседот, двоседот и табуретката. Со ажурноста со која што работи ОЈО отприлика за едно две години ќе утврдат кој сè си купил мебел за дома од торбичката на Орце. За останатите суми што се спомнуваат дека се дадени од други изрекетирани бизнисмени ќе си почекаме прво овие да ги преброиме, пет по пет па може ќе стигнеме до главниот налогодавач кој никако, ама ни под разно не сакаше да ја даде Катица бидејќи била цитирам: „симбол на вратената надеж во правната држава“.
И додека ги чекаме одговорите за тоа кај се другите пари, кај завршила торбичката и кој сè е вмешан во аферата „Рекет“портпаролот на владеачката партија СДСМќе не забавува со прашања до опозициската ВМРО од типот: „Мицкоски да одговори зошто од рекетираните пари била купена гарнитура, а не кујна или спална“, „дали знаеле дека во гарнитурата има прислушен уред и зошто истата била во сива боја, а не во корална која е похит оваа сезона“.
Тоа што Катица цел месец слободно си сè шеташе во просториите на СЈО и наредуваше форматирања на компјутери, претереси на вработени и губење на втори или трет телефон претпоставувам дека не и наштетило на истрагата нема потреба да биде одговорено, а секако и тоа што и е адвокат бранителот на Цветан Панделевски обвинет во случајот „Империја“ кој директно ја инкриминира е исто така само случајност и ништо повеќе. Исто така воопшто не треба да не загрижува тоа што за скандалов дознавме од италијански медиум и од расказите на Геро, а не од јавното обвинителство до кое што наводно имало пријава уште од пред некој месец. Дури си мислам дека Италијаните може намерно ни ги пукнаа бомбите заради навредите од тендеРашко кој милува да ги вика цигани. Ви текнува на тендеРашко и наместениот тендер за системот за навигација? Бидејќи изгледа заради фрката со Катица од ОЈО го заборавија исто како што ги имаат подзаборавено и шамарите на Курто Дудуш.
Драги мои, целата ова драмолетка која што ја гледаме деновиве упатува на тоа дека власта е фатена со смкнати гаќи па сега се бара начин кој да го изеде за да се спаси главниот, а тие што ќе бидат принесени како жртваќе го јадат за ситно, за една гарнитура колку да се замае јавноста дека ете се гонат сите и без исклучок.Но едно е јасно, владата и Заев не ја контролираат играта, во дефанзива се и во паника, прават и ќе прават уште поголеми грешки и полека ќе испуштаат душа до следните избори на кои црно им се пишува.
Мартина Басарова Ѓеровска