По успешната соработка и партнерство помеѓу Министерството за култура при Владата на Окупирана Македонија, и навивачите на Шкендија – “балистите”, кое резултираше со владина финансиска поддршка и изработка на рекламен спот за придонесот во спортот и Културниот развој на Македонија од страна на “балистите”, сведоци сме на уште еден пример на уште една успешна соработка помеѓу Министерството за култура при Владата на Окупирана Македонија и навивачите на Слога – “Шверцерите”.
Заеднички именител на сите без исклучок гореспоменати субјекти е нивниот анти-македонскиот карактер.
Пораката која се испраќа до младината која живее во окупирана Македонија е – Бидете против својот род и нашата поддршка како морална така и финансиска преку алоцирање на средствата собрани од сите даночни обврзници е загарантирана.
Некогаш беше Македонски народен театар, сега не знаеме што е, но судејќи по она што се случува е се освен тоа.
Не пишуваме затоа што сме погодени од овие перверзии, веќе не сме, веќе и не очекуваме ништо друго од оние кои се колаборанти и вазали на окупаторот, од оние кои од некогаш барем навидум суверена држава, направија банана република и протекторат кој служи за потсмев во меѓународните дипломатски кругови.
Ние за 8-ми Декември имаме најавено прослава на неколку јубилеи (20 години Лојал Фанс, 10 години Братство Комити & Војводи, 5 години Комити Маџари), па би сакале да прашаме јавно, како може да ја изнајмиме истата просторија за прослава на Јубилеите?
Иако театарот е сега под привремена управа на окупаторот и го нема предзнакот Македонски, сепак за нас има емотивна и историска вредност, и ќе внимаваме на ентериерот и се она што е внатре и претставува македонска историја, култура и уметност како да се наши, во нашиот дом.
Слобода или Смрт за Македонија !
Комити Запад