Комити Вардар
(ФБ објава пред поразот на Вардар од Македонија ЃП и собирот на Комитите пред трибините)

Последен прволигашки натпревар на Вардар во наредните 15 месеци…
Анти-Вардаровата коалиција не дозволи уште едно чудо, иако и самото тоа што се натпреварувавме беше чудо. Направивме многу подвизи, извојувавме многу победи вон теренот, се надминавме себеси, името наше го поставивме многу високо, и со тоа го испровоциравме ѓаволот во нив, кој не дозволува да бидеме општествено позиционирани повисоко од една проблематична група над која треба да се тренира строгост, и да биде посочувана со прст во општеството.

Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест, и кога општествата тоа го дестимулираа, кога центрите на моќ промовираа само подаништво, покорност и послушност, без поставување прашања.

И за апсурдноста на нештата биде поголема, овозможија посетување на јавни настани, со ограничен капацитет до 30%, за потоа следниот ден да прецизираат дека тоа важи за се, освен за присуство на спортски натпревари. Дирекно насочено против нас. Во ред, нема да присуствуваме ниту на овој натпревар, но никој не може да ни забрани да бидеме во близина на Вардар, за да го славиме неговото име, и да покажеме дека никакви забрани кои се донесени дирекно против нас, нема да не скршат и да ја спречат нашата љубов кон Вардар.

Никој нема да не спречи да го носиме неговото име во срцата, да го втиснеме на кожата, да го цртаме на ѕидовите, да го опеваме во песните, да го вееме на нашите бајраци.

Никој нема да не спречи да бидеме црвено црни до коска, и да останеме такви и покрај се што прават за да се откажеме!

Нема откажување!
Нема повлекување!
Нема предавање!

Вардар е нашата радост и кога е време на тага и разочарувања.

ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ, затоа што сите ние даваме дел од нас, и се подредуваме за да спречиме неговото тело да биде безживотно.
Се гледаме пред Јужна во 15:00ч.

Почитуваме мерки: Носиме маски и држиме растојание, не заради нив и заради тоа што се покоруваме, напротив, заради тоа што сме слободни и совесни!
Нови дресови & маици!