По комплетирањето на натпреварите од групната фаза на Светското првенство, официјално е познат конечниот изглед на костурот за втората рунда од турнирот.

Најдобрите репрезентации кои го поминаа првиот филтер сега го започнуваат патот во нокаут-системот.

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали.

Еве ги и комплетните парови од нокаут фазата.

 

  • Јужна Африка – Канада (28 јуни, 21:00)
  • Бразил – Јапонија (29 јуни, 19:00)
  • Германија – Парагвај (29 јуни, 22:30)
  • Холандија – Мароко (30 јуни, 03:00)
  • Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (30 јуни, 19:00)
  • Франција – Шведска (30 јуни, 23:00)
  • Мексико – Еквадор (1 јули, 03:00)
  • Англија – Демократска Република Конго (1 јули, 18:00)
  • Белгија – Сенегал (1 јули, 22:00)
  • Соединетите Американски Држави – Босна и Херцеговина (2 јули, 02:00)
  • Шпанија – Австрија (2 јули, 21:00)
  • Португалија – Хрватска (3 јули, 01:00)
  • Швајцарија – Алжир (3 јули, 05:00)
  • Австралија – Египет (3 јули, 20:00)
  • Аргентина – Зеленортски Острови (4 јули, 00:00)
  • Колумбија – Гана (4 јули, 03:30).

Нокаут-фазата започнува вечерва со натпреварот меѓу Јужна Африка и Канада. Еден од првите големи дерби-дуели е закажан за понеделник, кога Бразил ќе игра против Јапонија, а истиот ден ќе се сретнат и Германија и Парагвај. Ноќта потоа следува пресметката меѓу Холандија и Мароко.

Во вторник на програмата се натпреварите Брегот на Слоновата Коска – Норвешка и Франција – Шведска, додека Мексико ќе се соочи со Еквадор во борбата за место во осминафиналето.

Во среда Англија ќе игра против Демократска Република Конго, Белгија ќе се сретне со Сенегал, а Босна и Херцеговина ќе ги одмери силите со домаќинот, Соединетите Американски Држави.