Хрватската спасувачка служба соопшти дека од под урнатините на подрачјето на Петриња, што беше погодено од силен земјотрес, спасени се шест лица и оти потрагата по преживеаните ќе продолжи и во текот на ноќта.

Спасувачките тимови ќе отидат и во селата помеѓу Петриња и Сисак за да утврдат каква е состојбата по земјотресот со интензтиет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Храватска.

Во земјотресот загинаа најмалку седум луѓе, 20 се повредени, а најголема материјална штета има во Загреб, Сисак и Петриња.

Епицентарот на земјотресот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња и е почувствуван во целиот регион