Голема е честа да ја предводам коњаницата, објави на својот Фејсбук пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која годинава ја предводи коњаницата на маршот кон Крушево за Илинден.

Мизрахи  во чест на Илинден ќе учествува во традиционалното учество на Мечкин Камен, каде што секоја година од повеќе места се движат коњаници и ја пренесуваат славата на Илинденците. Таа е учесник во коњицата „Бигорски манастир – Патот на Црешовото топче“ која тргнува ог гостиварското село Зубовце.