Стадионот Маракана во Рио де Женеиро ќе биде домаќин на годинешното финале во Копа Либертадорес, додека натпреварот за трофејот во второто по ранг јужноамериканско клупско натпреварување во фудбал – Копа Судамерикана ќе се игра во Монтевидео, одлучи КОНМЕБОЛ.
Маракана беше домаќин на финалето во Копа Либертадорес во 2020, а овогодишното финале е на програмата на 11 ноември.
Одлуката на кој стадион во Монтевидео ќе се игра финалето во Копа Судамерикана ќе биде донесе подоцна оваа година. Финалето ќе се игра на 28 октомври.