Во Охрид денеска ќе се одржи првото официјално Државно првенство во традиционално таеквандо, во организација на клубот „Мастер” од Охрид и Македонската традиционална таеквондо федерација.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите – деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција.

Натпреварите ќе се одржат во малата сала на спортскиот центар „Билјанини извори“, а свеченото отворање е предвидено точно на пладне.

Агенцијата за млади и спорт неодамна издаде решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.