Од Русија ќе бидат протерани петмина дипломати од хрватската Амбасада во Москва, како одговор на протерувањето руски дипломати од Загреб, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Хрватска на 11 април информираше за протерани 18 руски дипломати и шест членови на административно – техничкиот персонал од Амбасадата во Загреб.

Ден подоцна, Руската Федерација изрази силен протест до хрватските власти и се закани со соодветен одговор.