Бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД достигна над 80.000, вклучувајќи најмалку 1100 смртни случаи, и тие сега имаат повеќе случаи од која било друга земја.

Најновите глобални здравствени податоци собрани од Универзитетот Џон Хопкинс ги рангираат САД пред Италија и Кина.

Поточно, САД имаат 82 612 заразени, од што над 14 000 се нови случаи. Починати – 1 184.

Ваквото драстично зголемување на бројот во САД се должи како на ширењето на вирусот но и на фактот што по првичниот застој и изненденост со тестовите кои ги немаше во доволен број, сега ситуацијата е променета.

Кина има 81 285 случаи, Италија 80 589 итн.

На милион жители САД имаат 250 зарзени, Кина остана на 56, Италија и Шпанија над 1200, Швајцарија 1 300.

По број напочинти, САД имаат 4 лица на еден милион, Кина – 2, Италија 136, Шпанија – 92, Иран – 27, Франција – 26, Швајцарија – 22.