КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Пак скокна бројот на нови заразени, денеска 13 лица и двајца починати, еден од Прилеп и еден од Битола

/ 06.05.2020

Вкупно 13 нови случаи на коронавирус се регистрирани денеска во Македонија. Според последните податоците нови случаи има во Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а вкупно се извршени 17.836 тестирања на Ковид -19.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на Ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.


Од истата категорија