Угостителските објекти во Швајцарија повторно ќе бидат отворени в понеделник, но гостите ќе мора да оставаат лични податоци.

Во рамките на неопходните заштитни мерки со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, швајцарските власти се одлучија за наједностаниот начин – угостителите ќе мора од гостите да земат лични податоци, име, презиме,  телефонски број и ќе мора да ги чуваат две недели.

Истото важи и за резервација на маса, но и за спонтана посета на угостителски објект.

Личните информации собрани од угостителите треба да им олеснат на здравствените власти да откриваат контакти во случај на инфекција на еден од гостите.

Во угостителските објекти во Швајцарија на една маса ќе биде дозволено да седат најмногу четири лица.

Сите гости мора да седат, а помеѓу масите мора да има растојание од два метра.