Бројката на заразени со коронавирусот во Грција вечерва се искачи на седум лица, откако грчкото Министерството за здравство соопшти дека се потврдени уште три нови случаи, еден во Солун и два во Атина, од кои две лица се поврзани со претходните два случаи на заболени, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, првиот случај соопштен вечерва се однесува на жена која била во контакт со 38-годишната пациентка од Солун, која беше и првоинфицираната со Ковид-19 во Грција.

Вториот случај е Грк кој бил во контакт со едно од заболените лица во Атина, кое е хоспитализирано, а третиот случај е исто така маж. кој неодамна се вратил од Италија.

Сите седум лица, чии што резултати се позитивни на коронавирусот, се во изолација во болници во Солун и Атина.