Шефот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на федерациајта на Русија, Константин Косачов вчера изјави дека обвинувањата дека Русија се меша во изборите во САД, што ќе се одржат во ноември, се резултат на внатрешнополитичка борба во САД.
– Ставовите на многу американски сенатори одамна веќе не се во согласност со реалноста. Ќе бидеме сведоци на уште многу слични примери кога се обвинува Русија. Русија е заложник на внатреполитичките борби во САД, посочи Косачов.
Во исто време, рускиот сенатор Олег Морозов оцени дека сите обвиненија се лажни и се инструмент на политичката борба.
– Тоа е веќе позната работа, која било измислена тема може да се претвори во инструмент на политичка борба, во информативно оружје. Секоја лага која е повеќе пати повторена станува вест, а потоа луѓето веруваат во таквото тврдење, посочи Морозов.
Тој додаде дека прашањето што се поставува е до кога такви „бомби“ ќе имаат ефект, такви „бомби повеќе не можат да експлодираат“.
Директорот на американската Национална разузнавачка заедница Ден Коутс на вчерашната прес конференција во Белата куќа изјви дека Русија продолжува со обидите да ги ослабне и подели САД со тоа што се меша во американскиот изборен процес и во политичката дебата.
– Разузнавачката заедница и понатаму е вознемирена од заканите за идните избори во САД, како за изборите во Конгресот (што ќе се одржат на есен) така и за претседателските во 2020 година, посочуи Коутс.
Според него незаконските активности вклучуваат криминални обиди за ограничување на гласањето и незаконско финансирање на предизборни кампањи, кибер напади врз изборната инфраструктура и друго.
– Тоа е закана, која треба многу сериозно да ја сфатиме, предупреди и директорот на Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, додавајќи оти ФБИ веќе почнало истрага за мешање во изборите.
Тој додаде дека има сознанија дека Русите се обиделе да ги хакираат комјутерите и да украдат информации за кандидатите и за владините службеници.
– Русија не е единствена земја која се обидува да влијае врз изборите во САД.
Коутс и Реј учествуваа на прес конференција на која информираа какви мерки презема администрацијата на Трамп за да ја гарантира безбедноста на изборите.