Висок будистички монах од Кина ги негира тврдењата дека тој сексуално злоупотребувал калуѓерки, пишува Би-Би-Си.

Обвиненијата против монахот се опишани во детален извештај испратен од двајца будистички монаси до кинеската влада.

Монахот кој во овој момент се наоѓа во храм во Пекинг, ги негира ваквите обвинувања и ги обвинува монасите дека „ги искривуваат фактите” откако го поднеле извештајот.

Тој е последното лице обвинето за сексуален напад во постојано движење #MeToo во Кина, кое има повеќе од еден милион следбеници на социјалната мрежа „Веибо“.

Извештајот кој монасите го испратиле до кинеските власти се состои од 95 страници.

Во него е наведено дека високиот будистички монах, до калуѓерки испраќал неприкладни пораки и ги присилувал на сексуални односи.