Јуниорите на Партизан Мулти Шпед и на МЗТ Скопје Аеродром ќе се борат за трофејот во финалето на македонскиот кошаркарски шампионат – возрасната категорија до 18 години.

На завршниот турнир кој се одигрува во скопската сала „Градски парк“ во првото полуфинале Партизан Мулти Шпед го победи Феникс со 77:58.

Во второто полуфинале, МЗТ Скопје Аеродром славеше против Работнички со 78:69.

Денеска во натпреварот за трето место ќе се сретнат селекциите на Феникс 2010 и на Работнички. Натпреварот ќе започне во 19.

Финалето меѓу Партизан Мулти Шпед и МЗТ Скопје Аеродром ќе започне во 21 часот