Кошаркарите на Њујорк ноќеска загубија на гостувањето кај Кливленд со 107:104 и поставија клупски „антирекорд“.

За Никси ова беше 17. пораз во низа што е најдолга серија во нивната НБА историја.

Њујорк никс оваа сезона има одиграно 56 натпревари и забележано само 10 победи наспроти 46 порази.

Со овој биланс тимот е последен во Источната конференција и има најслаб скор воопшто од сите екипи. Тимот е аутсајдер на НБА.