Сведоци на нападот во Либек раскажувале ужасни нешта за терористичкиот напад.

Според се уште непотврдени инфомации маж од иранско потекло на окоу 30 години извадил нож во автобусот и почнал да ги прободува патниците, соопштува британски Експрес.

Некои очевидци тврдат дека тој оставил на подот ранец од кој излегувал дим.

„Патниците бегаа од автобусот  врескајќи. Потоа ранетите беа одведени. Напаѓачот имаше кујнски нож“, раскажувал очевидец.

„Еден човек и отстапуваше место на постара жена, кога тој го прободе во градите“, раскажал друг.

Според некои информации од 12-те повредени од кои двајца потешко, еден починал. Но, полицијата ги демантирала информациите.