Косовскиот претседател Хашим Тачи ја искритикува Европската унија и го пофали американскиот претседател  Доналд Трамп заради вниманието што неговата администрација го посветува на решавањето на спорот меѓу Косово и Србија.

Како што пренесува Косово онлајн, Тачи во емисијата  „А Шоу“’ на телевизијата „Т7“  кажа дека американскиот специјален пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, одлично си ја извршува својата работа.

-Тоа што другите не го направија за 20 години, Гренел го направи за неколку месеци, рече Тачи, наведувајќи дека „ЕУ го предаде Косово, особено за визната либерализација“.

Тој оцени дека Косово ги исполни сите свои обврски и стандарди за либерализација на визите, а дека ЕУ тоа не го уважи, со што неправедно ги казни граѓаните на Косово.