Denesen.mk
24.10.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИЛОШОСКИ: Македонија е добро позиционирана, ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ

СИЉАНОВСКА ВО БУДИМПЕШТА: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

МИА ВО БЕЛГРАД ПРЕД ИЗБОРИТЕ: Врачар – инаетлив, жилав чувар на стариот белградски дух и културната автентичност

ФРАНЦИЈА ПРЕД ДЕНЕШНИТЕ ПРОТЕСТИ: И Мона Лиза и Пикасо под клуч, специјални единици низ целата држава, се очекува бурен саботен ден

Свет

Косово: САД одложија осум програми поради таксата кон Србија

/ 22.02.2019
Share
Косово: САД одложија осум програми поради таксата кон Србија

Соединетите Американски Држави презедоа нова „казнена“ мерка кон Косово поради одбивањето на барањето на Вашингтон за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весникот „Зери“ од свои извори дознава дека САД ѝ ги повлекле на косовската Влада поканите за учество во осум програми на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ во Германија.

Веста за одлагањето на овие програми за весникот ја потврдила и Амбасадата на САД во Приштина.

– Амбасадата на САД може да потврди дека поканите за учество на Косово во осум програми, кои почнуваат во март и траат до септември, се одложени. Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ третира предизвици од транснационалната и регионалната безбедност. Тие предизвици се опфатени со овие семинари/програми, се наведува во одгворот на американското дипломатско претставништво.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај упорно го одбива американското барање за укинување на таксата кон Србија и БиХ, што беше причина Амбасадата во Приштина да не му издаде виза за молитвениот појадок, кој на почетокот на месецов се одржа во Вашингтон, во организација на претседателот Доналд Трамп.

Освен тоа, поради истата причина, пред неколку недели беше одложена и посетата на Косово на висок претставник на војската на САД.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: косово
Од истата категорија

ПРЕД ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Еди Рама нареди перничиња за седење пред неговата канцеларија како покана до студентите за дијалог

СУДАР НА ДВА ВОЕНИ АВИОНИ: Четири пилоти на воздухопловните сили на Филипини загинаа за време на тренинг лет

ПОВИК ДО ЕУ ЗА ИТНИ МЕРКИ: Четири милијарди луѓе се соочуваат со сериозен недостиг на вода еден месец во годината

ДЕН НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: На денешен ден во 1945 стапи на сила основачката повелба на најголемата меѓународна организација

Ким Џонг Ун од Северна Кореја дојде во официјална посета на Кина преку новиот мост

САД го намалува бројот на вработени во четири амбасади на Блискиот Исток поради опасност од ирански напади

Најнови вести

ПРЕД ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Еди Рама нареди перничиња за седење пред неговата канцеларија како покана до студентите за дијалог


СУДАР НА ДВА ВОЕНИ АВИОНИ: Четири пилоти на воздухопловните сили на Филипини загинаа за време на тренинг лет


СДСМ: Цела година влaдата ги остави граѓаните сами, цените отидоа до плафон, оти не слуша да воведе мерки какви што ние предлагаме


ПОВИК ДО ЕУ ЗА ИТНИ МЕРКИ: Четири милијарди луѓе се соочуваат со сериозен недостиг на вода еден месец во годината


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ