Фудбалската репрезентација на Косово е убедливо најубавото изненадување во квалификациите за Европското првенство 2020 гоидна. Косово макар на неколку часа (во моменов игра Англија со Бугарија и се очекува победа на Англичаните) е на првото место во групата А со две победи и два нерешени натпревари што на Косоварите им носи 8 бода и прво место најмалку до завршување на натпреварот воЛлондон.

Пред неколку часа, Косово ја победи на домашен терен Чешка со 2:1, иако Чесите први поведоа со голот на Шик во 16 минута. Израмни Муричи во 20 минута и со тој резултат се отиде на полувреме.

Кога сите очекуваа офанзива на Чесите во вториот дел, Војвода искористи една шанса во 67 минута и му донесе предност на својот тим од 2:1, предност која беше задржана до крајот. Приштина и Косово денеска слават.

Инаку, Косово има победа и н гостувањето во Софија (2:3), а нерешени резултати со Црна Гора на гостувањето и со Бугарија дома.