Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека многу загрижувачки е заминувањето на младите од Косово и оти тоа прашање властите се обидуваат да го решатдека се обидуваат да го решат со борба против корупцијата.

Курти вели дека трендот на одлив на млади продолжува од година во година, а како најчеста причина за тоа ја наведе невработеноста, пренесува порталот Косово-онлајн.

– Недостигот на работни места, а особено вработувањето во одредени професии за млади, влијаеше тие да се иселат од Косово. Со борбата против криминалот и корупцијата со цел да се зголеми кредибилитетот во коректни и правични институции, ние се обидуваме да ги задржиме младите во Косово, рече Курти.

Само во јануари околу 48.000 косовски граѓани поднеле барање за работни визи во европските земји.