Пред точно 5 години на денешен ден советниците, преку нив граѓаните, на предлог на тогашниот градоначалник Зоран Заев, бев избран за заменик градоначалник на Струмица, објави денеска струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

– До денеска ја споделувам истата страст кон работата за подобро секојдневие на сите струмичани без разлика на нашите партиски, верски, етнички или какви било други разлики. Од срце за нашата Струмица, објави Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Костадинов е многу активен и на Фејсбук. Синоќа објави дека во просек секој работен ден имал по 7,5 средби со граѓаните, односно по 300 неделно. Како успева сето тоа да го постигне во ден, кој е ограничен на 24 часа, само тој си знае.

Денешниов ден веројатно му е посебен и по тоа што неговиот сограѓанин, партиски другар и предлагач Костадинов да ја почне заменик-градоначалничката кариера си поднесува оставка на премиерската функција и од Скопје се враќа во родната Струмица.