Зошто, реторички прашува пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов вечерва на Фејсбук и нестрпливо го дава одговорот.

– Кога влегов во политиката и заедно со сега премиер, а тогаш кандидат за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, Дабиља речиси да немаше асфалтирана улица, сега веќе е се сменето. Дабиља има асфалтирано преку 40 улици, во тек е изградба на канализациона мрежа. Земјоделците се задоволни од мерката зелена нафта, поголемите и редовни и навремено исплаќани субвенции влијаат на квалитетот на земјоделските производи, одговара на своето прашање Костадинов.

Тој не пропушти шанса во Струмичко да го пофали ангажманот на Владата и за цената на „куртовската капија“:

– Еве за пример, цената на пиперката, куртова капија се продава на 29 денари, што не било досега никогаш. Ова е само мал дел, како со конкретни мерки допринесуваме за поквалитетен живот на сите граѓани. И знам дека утре кога пак ќе одам, ќе можам повторно гордо исправено да ги погледнам граѓаните во очи и пак да потврдиме дека тоа што го ветивме, го реализиравме, пишува Костадинов.

Ќе беше покомплетен одговорот на реторичкото прашање Костадинов да каже освен тоа колкава е цената на куртовската капија, колкава е цената на нафтата за тракторите со кои ги ораат нивите и дали на таа цена влијае зголемената акциза за дизелот што ја воведе Владата која се секира за „куртовската капија“.