Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто, изјави вечерва во Битола вицепремиерката и заменик-претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа придружувана од градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска и други членови на СДСМ учествуваше на маалска средба со граѓаните на Битола. Пред присутните Шекеринска нагласи дека „концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат, а со ребалансот издвоени се 300 милиони денари за поврат на 15 насто од платеното ДДВ назад кај граѓаните“.

Шеќеринска повтори дека „минималната плата се зголеми, а со ребалансот на буџетот се предвидени 400 милиони денари за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари“.

– Растот на платите, значи и раст на пензиите, рече Шеќеринска, додавајќи дека невработеноста се спуштила на историски ниска стапка од 17,5 проценти.

Вицепремниерка рече дека со ребалансот се обезбедени дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки за поддршка на враборувањето.

– Се грижиме за стечајците, и сега 12.000 лица, кои останале без работа, ќе добиваат паричен надоместок од 8.200 денари до пензионирање, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто, посочи Шекеринска.