Работа и само работа, така од срце се сака оваа наша прекрасна Струмица, истакнува актуелниот струмички градоначалник и поранешен пратеник и висок функционер на СДСМ, Костадин Костадинов.

Спроти празникот на трудот 1 Мај, Костадинов се огласи на социјалните мрежи каде катаден ги регистрира своите резултати:

– Едно по едно, чекор по чекор се исполнуваат ветувањата. Денеска со моите соработници извршивме увид во уредувањето на поројот Свети Илија во должина од 2.800 метри. Ова е еден од поголемите проекти со кој решаваме повеќегодишни проблеми, објави Костадинов на Фејсбук.

Инаку денеска од прекрасната Струмица има и други вести, како што е кражба на струја во еден од тамошните хотели и доделување неповратен гранд на фирма од семјеството на еден екс струмички градоначалник, екс премиер и поранешен лидер на партијата на која и припаѓа и Костадинов.