Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, одамна веќе го нема на прес-конференции со сказните за неговата партија и нападите на опозицијата.

Костадинов вечерва ифнормира дека е во „симболот на државата“:

– Тука сум во Муртино, струмичко место, симбол за нов почеток на многу нешта во државата. Тука, сега и во иднина секој предлог е добредојден, секоја критика прифатена, објави Костадинов на Фејсбук.

За јавноста да не остане нејасен „симболот на Костадинов“: од Муртино потекнува лидерот на неговата партија, Зоран Заев.