Од овде, од Струмица сме поставувале и продолжуваме да поставуваме нови стандарди во политиката, објави денеска портпаролот и доскорешен пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Критериумите за политичарот во нашата држава мора да бидат високи. Брифинг маратон со сите новинари од регионот! Се гледаме во живо на мојот фан пејџ, в среда од 20 часот. Можеме уште повеќе и уште подобро, објави Костадинов на Фејсбук.
Може да се претпоставува, но сепак е нејасно за кои и какви стандарди во политиката, поставувани од СДСМ во Струмица, мисли Костадинов!?