Вчера парламентарното мнозинството предводено од СДСМ донесе важни законски измени кои го подобруваат животот на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

Прес – конференцијата ја пренесуваме во целост:

Ги усвоивме измените на Законот за работните односи со кое се носи можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст а мажите со 64, а продолжување на работниот однос до 67 години, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование.

Ги изгласавме измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со цел негова успешна имплементација во услови на пандемија. Преку овие измени на Законот се овозможува корисникот на субвенционирниот оброк да може го оствари своето право кај секој трговец, а со овој закон 15 милиони евра ќе завршат кај околу 40.000 студенти.

Дел од Шар Планина станува Национален парк, со што државата го добива својот четврти национален парк.

Сето ова се мерки донесени во еден ден кои позитивно влијаат на квалитетот на живот на огромен број граѓани.

А што во меѓувреме правеше ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден?

Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ЗА усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на Законот за додадена вредност и намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ продолжи да шири лажни вести за македонскиот јазик иако и Владата и СДСМ секојдневно го повторуваат јасниот став дека за македонскиот јазик нема и нема да им никакви преговори.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вчера како во старите насилнички режимски времиња упадна на седница на Совет на општина Ѓорче Петров, во која и не живее со цел да ја прекине седницата и да предизвика скандал.

Ете тоа нуди ВМРО-ДПМНЕ, лажни вести, насилство, дејствување против интересите на граѓаните.

Огромна е разликата меѓу концептот на СДСМ кој води напред и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја враќа државата назад и таа разлика ќе се потврди на локалните избори каде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат казнети од граѓаните за сето тоа деструктивно однесување.