Легендата на Милан, Алесандро Костакурта ги негираше гласините дека ќе се врати во клубот како член на раководството.

– Дали имав контакти со Малдини за пост во Милано? Не, ништо слично. Имаме многу блиски односи со Паоло, но тој знае дека не би презел конкретни должности. Ако е точно дека Милан го назначил Звонимир Бобан, тој ќе биде вистинската личност за клубот, изјави поранешниот дефанзивец на тимот од Милано.

Во однос на шпекулациите дека Марко Џампаоло ќе биде следен тренер на „росонерите“, тој смета дека тој е вистински избор.

– Тој е интересен ментор. Секој сака да ја види неговата нова идеја за фудбал. Тој е вистинскиот избор за Милан, се надевам дека ќе потпише со тимот, рече уште Костакурта за „Раи радио Уно“.