Раководството на Манчестер Јунајтед ја отфрлило првата понуда на Интер за напаѓачот Ромелу Лукаку.

Според „Газета дело Спорт“ предлогот вклучувал пари плус Иван Перишиќ.

Белгиецот е една од главните трансфер цели на новиот тренер на „нероазурите“, Антонио Конте. Од „Олд Трафорд“ сепак инсистираат да добијат сума од редот на 75 милиони фунти, без да биде вклучен друг фудбалер во неа.

Самиот Лукаку, кој минатата сезона постигна 12 гола, веќе призна дека има желба да заигра во Серија „А“