КОСТОВ: Двајца повредени се во критична состојба

/ 14.02.2019

Од Градската болница 8 септември попладнево соопштија дека од повредените плус двајца се на опсервација.

Има промена на крвна слика, но се под контрола.

Еден пациент кој имал повреди на граден кош, заради влошување е на механичка вентилација. Тој е транспортиран на КАРИЛ.

Директорот Христијан Костов изјави дека двајца се во критична состојба.

„Се јавуваат многу граѓани што сакаат да ја изразат својата солидарност, да дадат крв, меѓутоа можностите ни се ограничени“, вели Костов.

Повредените се на возраст од 15 до 65 години.


Од истата категорија