Репер треба да ви биде македонскиот народ-неговите интереси и настојувања, неговите болки и потреби, неговата реч, честитост и достоинство, реагира професорката Наташа Котлар, во врска со фотографирањето на вицепремиерката Радмила Шекеринска пред УЧК-симболи и нејзиноото појаснување дека „денес не е важна иконографијата, туку репер е колку политичарите им служат на граѓаните“.

– Арам да ви е, ова е пакосно! Не, не … мрачната и болна 2001 г. не е далеку зад нас, а македонското општество (и не „нашето“) не ја надмина таа болка од „воената криза“! Нема овде ништо демократско и трајно, овде е „мрачно и мрак не’ обвива и темна магла земја покрива“, заради злото наречено НАТО и политичари кои не им служат на граѓаните! Репер…репер треба да ви биде македонскиот народ-неговите интереси и настојувања, неговите болки и потреби, неговата реч, честитост и достоинство! Арам да ви е безобразлукот, ништо не сте научиле… !- се вели во објавата на Котлар на Фејсбук.