Не може, да настапувате и да ни ја навредувате ученоста, интелегенцијата и трудот! Срамота и грев!
Ова се истакнува во реакцијата на проф. д-р Наташа Котлар, на изјавите на политичарите за „решените случаи“ со Бугарија.
– Неодоливата глупавост и ароганција во настапот на северните политичари за „заедничката историја“, достигнаа планетарни размери. Ми ти решиле тие „пет историски личности и три историски периоди“, неверојатно, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле! Наскоро и Гоце Делчев ќе го решеле „во духот на заедништвото“! Тоа се произволности, господо, будалаштини, кои воопшто немаат допирна точка со научната работа – историската дејност. Историјата, како меморија (антрополошки) и како научна и образовна дисциплина (нормативна) воопшто не зависи од вашите политички изјави и неразумни постапки. Кој е тој научен авторитет – институции (државни и јавни) кои ја определиле и дефинирале флоскулата „заедничка историја“ со бугарскиот или со кој било друг народ, па вие, сте го презеле тоа знаење, за да понатаму, настапувате со таа „вистина“ сред македонскиот народ заради фалсификување на неговата историја? Присобраните 3-4 комисисти по вокација историчари, не се научен авторитет, во случајов, туку само политички инструмент за вашите нерзумни, агресивни и ненародни политики. Државните и националните интереси се бранат со учениот и професионален настап на институциите, а историјата, од научните институции! Срамота и грев!- се вели во објавата на Котлар на нејзиниот профил на Фејсбук.