Наташа Котлар Трајкова на денешниот протест „ Доста е! Излези за Македонија“ зборуваше за македонскиот идентитет кој има големо значање и посочи дека со Бугарскиот Договор се засегнуваат моменти од македонската национална култура.
-Денеска сме собрани народно и опозициски во одбрана на она што претставува македонски идентитет бидејќи ова многу често го слушаме последните денови идентитет меѓутоа ако не му дадете содржина на идентитетот односно ако не го именуваме како народен, национален, историски и суштински тогаш тоа нема значање. Во конкретниов случај има сериозно значање бидејќи со бугарскиот Договор особено со неговиот воведен дел на заедничка историја и членот 8 и посебно став 2 веќе се засегнуваат некои моменти од македонската национална култура. Бидејќи во тој договор Бугарија си обезбеди свои права да го оспорува идентитетот односно да создаде идентитетски збор, а тоа значи оспорување на македонскиот јазик, македонската национална историја и оспорување на македонската национална култура, што значи за да се реши овој проблем ќе мора да се прават отстапки од страна на Македонија во насока на овие 3 параметри кои ги спомнав. Тоа значи дека треба макеоднскиот народ да се поистовети со бугарски народ, македоснкиот јазик со бугарски јазик, а македонската историја со бугарска историја. Тогаш нивните испишувања дека ние немаме историја ќе одат во таа насока дека ние ќе бидеме негирани и асимилирани, рече Котлар.
Таа во текот на своето обраќање порача дека и Преспанскиот договор и бугарскиот Договор треба бидат раскинати, а македонскиот народ да си ја врати својата историја, јазик и култура.
-Со преспанската спогодба именскиот, историскиот и националниот идентитет веќе е засегнат, а со овој договор со Бугарија тој целосно ќе биде направен по мерка на нашите европски соседи односно Грција и Бугарија.Затоа сметам дека и овој договор па и оној Преспанскиот треба да бидат раскинати, а македонскиот народ да си ја врати својата историја, јазик и култура, додаде таа.