МИЦКОСКИ: Продолжуваме со блокади и утре, инаку Заев-Бучковски лесно ќе не бугаризираат!

/ 08.06.2021

„Организиравме предупредувачки протести кои што ќе продолжат и во деновите кои што следат, нема да биде само еден. Продолжуваме и утре во исто време, на исто место, помеѓу 15 и 17 часот“, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

-Нашето единствено барање е Нацрт документот по кој што двоецот Заев – Бучковски преговара со официјалната Софија. И ние сме вознемирени и имаме причина и имаме право зошто сме вознемирени бидејќи од сериозни дипломатски извори од Брисел и од Софија стигаат информации кои што навистина се алармантни за македонскиот народ, македонската нација, би рекол и македонската држава“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека овој момент е исклучително значаен за иднината на Македонија и македонскиот народ.

-Ако овој договор кој што планира двоецот Заев – Бучковски да го одобри и тој истиот документ да биде дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тогаш тоа е еден вид на асимилација односно бугаризација на македонскиот народ, порача тој.

Мицкоски истакна дека ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги аминува овие погрешни политики на Зоран Заев и СДСМ, тогаш се лаже.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки да го спречи Заев да ја прифати бугарската декларација, бидејќи ако сега не се спречи, Заев и Бучковски ќе прифатат глатко.

– Побаравме да се заземе државен став позади кој ќе застанат сите политички партии, како договор на Декларацијата на бугарскиот Парламент, но ме нападна и рекоа дека тоа е за еднократна употреба заради изборите во Бугарија, но 2 години подоцна гледаме дека содржината на тој документ е услов да ние како Македонија ги почнеме преговорите со ЕУ. Заев континуирано вели дека не преговара за идентитетот и јазикот, а тоа е основата во Декларацијата, во која има услов и за антифашистичката борба на македонскиот народ. Сите демократски алатки ќе ги искористиме да ги спречиме Заев и Бучковски да ја прифатат Декларацијата, нагласи Мицкоски.


Од истата категорија