Добро е што беше отстранет балансерот, рече бившиот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски во подкастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на „Балансерот“ како алатка.
– „Балансерот“ е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните измени. Но, потоа тој беше злоупотребен. Македонците се изјаснуваа за Албанци, Ромите за Турци, Албанците за Турци и тоа не даде резултат, рече Ковачевски.
Актуерлниот пратеник конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.
-Ова е одлука на Уставниот суд и не се коментира. Решението е готово. Добро е што беше отстранет балансерот бидејќи ќе треба ново решение, рече Ковачевски.