Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски вечерва во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21 ја „искара“ опозицијата оти не била реална за поскапувањето на струјата.

Според Ковачевски, да биле тие на власт струјата ќе се зголемела за 30-40%.

– Опозицијата и одредени т.н. експерти, проопозициски велат дека ова е популистичка одлука, јас морам да кажам – ова е правилна или праведна одлука во момент на криза, енергетска криза. Претходно имавме и други кризи, економска криза, ковид криза, па и други. Ние како држава, пред се Владата, премиерот Димитар Ковачевски, министрите ресорни, но и компаниите енергетски мора одговорно да се однесуваме“, вели Ковачевски.