Политичка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ, бидејќи местото на сите држави од Западен Балкан е во Европската унија, а регионалните иницијативи се едни од начините на подобра соработка на патот на полноправно членство во унијата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамките на „Преспа форумот“, кој втор ден се одржува во Струга.

Посочи дека сите држави од Западен Балкан одат во таа насока и на тој пат бидејќи, како што рече, регионот денеска го има потребниот лидерски потенцијал за носење на такви одлуки. Смета дека треба да се удвојат напорите на земјите на Западен Балкан за да се добие поддршката од европските партнери за да се забрза процесот на интеграцијата.

-Ова го истакнувам од причина што никогаш досега не биле појасни пораките од нашите стратешки партнери од ЕУ дека до 2030 година е можно проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека сега практично работата е на нас, како ќе ги движиме процесите во регионот, вели Ковачевски.

Забележа дека војната во Украина, ја потсети Европа дека на европскиот континент постои геостратегиска празнина и како што рече Ковачевски, не треба да се заборави дека војната во Украина се води на само 700 километри од нашата држава.

Во своето обраќање, Ковачевски истакна дека земјите на Западен Балкан чии определби за влез во ЕУ не се спорни, но секоја од државите имате различен капацитет на отпор кон недемократските тенденции, коишто доаѓаат од надвор, а главно поради различното темпо на демокртизациите на земјите.

-Оваа геостратегиска празнина е отворена врата за ветриштата, кои веќе ја ништат стабилноста на кревкиот Западен Балкан, но со самото тоа и на ЕУ, чијашто црвстина не е само во здружување на економски моќни држави, туку, пред се, во обединувањето на сите држави и големи и мали, вели Ковачевски.

Порача дека до 2030 година земјите од Западен Балкан мора да направат се за да се тргнат границите со ЕУ.

Македонскиот премиер забележа дека во рамки на Иницијативата на Отворен Балкан и на Берлинскиот процес  работат и ги истакнуваат придобивките од формирање на заедничките регионален пазар, потоа признавање на дипломите, на работните дозволи, олесното движење на луѓе, добра и услугите.

-Но секогаш ќе ја имаме примарната цел, а тоа е соединувањето со европското семејство на народи и држави. Војната на европскиот континент го вклучи алармот дека само обединета Европа заедно со Западен Балкан е стабилна и безбедна Европа се друго е дел од решението, а не и самото решение, што е и потребно на сите нас, вели Ковачевски.

Порача дека со овој процес треба да се стимулира и затварањето на билатералните прашања, секаде каде што е тоа потребно. Во своето обраќање тој посочи дека добро е што Европа го има Преспанскиот договор, како добар и функционален договор, којшто промовира решавање на отворени прашања преку отворен дијалог меѓу страните, а без да ги нарушува идентитските определби на една земја.

-Се покажа дека политичките решенија, се и решенија и за економијата, односно дека тешките одлуки функционираат и за економијата во позитивна насока, вели Ковачевски.

Тој истакна дека токму минатата година нашата држава бележи најмногу странски и домашни инвестиции и највисоко ниво на поддршка на домашните компании за нов циклус за инвестирање, потоа се бележи зголемување на платите, на минималната плата за 100 проценти споредбено од пред пет години, пензииите од над 40 проценти, а ова како што рече Ковачевски, е резулат на постигнатата стабилност во земјава.

Тој се осврна и на соработката со земјите од иницијативата Отворен Балкан, а годинава токму поради добрата соработка со Бугарија, Србија и Албанија се надмина и проблемот со струјата. Поради добрата соработка зголемен е и извозот на стоки од страна на Македонија и Албанија кон Србија, а проблемот со транспортот е надминат. Бројките покажуваат дека се бележи одлична соработка и во делот на турзимот, како и полесно да се работи во овие земји.  Во наредниот период заедничка цел ќе им биде формирање на заеднички регионален пазар, за да се привлечат странски инвестиции, а  со тоа какошто вели Ковачевски земјите од овој регион обезбедуваме поголема конкурентност.

Премиерот Ковачевски порача дека нашата земја се развива и се гради со нови автопатишта, коридори, железнички пруги кон соседните држави, а како што рече, нашата земја од кружен тек станува раксрница на Балканот.