Во рамки на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград синоќа се одржала „Македонска вечер“, на која домаќин бил претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Во поздравното обраќање, соопштија денеска од владината прес-служба, премиерот Ковачевски нагласил дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.

– Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во С. Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања, рекол премиерот Ковачевски.

На „Македоската вечер“ присуствувале бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Македонија, медиуми.

Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна, се вели во соопштението, беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници. цр/

Фото и видео: Влада на РСМ