Официјално не разговарале за проширување на владата, но неофицијално не ја исклучуваат можноста да се дискутира и за тоа на некоја од наредните средби. Ова е епилогот од денешната средба на премиерот Ковачевски со в.д претседателот на АА Арбен Таравари, објавува ТВ 24.
По средбата Таравари во изјавата која ја даде за медиумите рече дека разговарале за евроинтегративните процеси и блокираните закони. На прашање пак дали се разидуваат во коалициските ставови со Мицкоски Таравари дециден. Политиките кои ги води најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се повеќе го продлабочува јазолот меѓу нив но вели се уште не го менува ставот ниту за интегративците.
Дека не планирал на оваа средба да му понуди на Таравари да биде дел од владата Ковачевски потенцираше уште пред самата средба .
Според неофицијалните информации како што и веќе објави ТВ 24 веќе се размислува и за одредени министерски места кои се спремни владините коалициски партнери да ги отстапат за да може и Алијанса да влезе во владата а како потенцијални се спомнуваа правда, образование, здравство, или животна средина.
Според истите извори се предвидува три министерски места да бидат отстапени на Алијанса и три заменички. Во делот на третиот ешалон пак не се исклучува опцијата оваа опозициска партија од албанскиот блок да добие и 30 директорски места.
Таравари пак и денеска посочи дека ќе бараат прифаќање на нивните пакет услови меѓу кои и тргањето на формулацијата 20 % кај албанскиот јазик при отварањето на уставот.