Тајната седница за скандалот со пасошот на украинскиот бизнисмен Александар Онишченко продолжи со нов скандал – таа била пренесувана во живо на каналот Јутјуб.

Но, Комисијата за надзор на службите за безбедност не била единствената драматична работа која се случила денеска за време обидот да се дознае кој и зошто одобрил македонски пасош за Онишченко.

Извори во една политичка партија која е дел од Собранието за порталот Експрес тврдат дека на настапот пред Комисијата директорот на АНБ Виктор Димовски одговорноста за пасошот за Онишченко лежи кај министерот за внатрешни работи.

Димовски кој на комисијата беше повикан од Љупчо Пренџов кој е шеф на телото за надзор на тајните служби требало да каже како човекот кој тргувал со гас добил македонско државјанство, но тој не дал конкретни одговори.

Во своето излагање Димовски се обидел да ја префрли вината врз системот на МВР кој го раководи Оливер Спасовски.