Ми беше големо задоволство да ја запознаам Стефанија и фамилијата Шишковски од Општина Илинден. Стефанија е млада жена која работи во локален супермаркет. Таа денеска е дома и може да се посвети на семјеството и да се одмари.

Ова го истакнува премиерот Димитар Ковачевски во неговата денешна објава на официјалниот профил на Фејсбук, во која го велича новиот закон за недела неработен ден за сите.

– Недела неработен ден значи поквалитетен приватен живот, а Стефанија е меѓу работниците кои веќе ги чуствуваат придобвките од овој закон. Тој придонесува работниците да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место. Секој кој работи напорно за да го поддржи своето семејство, своите деца и да придонесе за државата заслужува најголема почит и поддршка. За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник годишно. И ќе продолжи да расте. Државата ќе биде секогаш тука да ги унапредува правата на работниците, економијата и животниот стандард на граѓаните, пишува Ковачевски на Фејсбук.

Тој денеска беше во обиколка на терен да се увери во спроведувањето на законот кој е на сила веќе трет викенд.