Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски кажа дека државата го имаше веројатно најтешкиот пат за почеток на преговорите, но пред нас останува да се затворат отворените прашања.
– Дел од прашањата веќе се надминати. Во преговарачка рамка стои чист македонски јазик, а исто така идентитетот на македонскиот народ е загарантиран. Тоа што го имаме како обврска на тој пат впрочем го имаа и други земји. Македонија има уште една дополнителна активност која треба да ја направи, а тоа е вклучување делови од други народи кои живеат во нашата држава, вели Ковачевски.
Ковачевски кажа дека Македонија е мултикултурна и добро е што другите народи ќе влезат во Уставот бидејќи земјава е Европа во мало.
– ЕУ е заедница на различности, а С. Македонија е земја во која сите заедници, односно народи имаат еднакви можности за личен и професионален напредок. Без Западен Балкан, ЕУ не е комплетна, вели Ковачевски.