Во Белград денеска се одржува Самитот на лидерите на Отворен Балкан, а по тој повод на Инстаграм се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Посебно сум среќен што денеска во Белград можев да го поздравам и угостам мојот искрен пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев, објави Вучиќ.

Со Самитот покрај претседателот на Србија, претседаваат и премиерот на Албанија, Еди Рама и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

На самитот присуствуваат и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Според неофицијални информации на социјалните мрежи од Македонија имало стотина владини гости на саемот што се одржува во Белград во рамките на Отворен Балкан, но официјална потврда за тоа нема.