Доколку ЕСМ продажба продолжи со реализација на зголеменото производство, тоа ќе и даде аргумент плус на Регулаторната комисија за енергетика да носи одлуки во интерес на граѓаните. Ние правиме се што е во наша моќ да ја задржиме стабилна цената на струјата и граѓаните да продолжат да користат евтина тарифа, порача премиерот Димитар Ковачевски.

-Дали ќе има проширување на интервалот на користење на евтината струја во наредниот период ќе покажат анализите кои ги прави РКЕ, информира Ковачевски.

Пред еден месец, претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, најави дека е можно да се врати дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да се почека крајот на грејната сезона. Според него, зголеменото домашно производство и заштедите на струјата може да бидат причина за враќање на дневната евтина струја.

Во моментот граѓаните користат само ноќна евтина струја од 22 до 06 часот наутро, како и во недела цел ден. Дневната евтина тарифа беше укината од декември 2021 година.