Со навремените антикризни мерки ги ублаживме ценовните шокови како и последиците од енергетската криза, со што го заштитивме животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.
Ковачевски напомена дека оваа Влада работи ефикасно, чесно и одговорно, и како што потенцираше, во тој дух и по тие принципи ќе продолжат да работат и понатаму.